9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Парното поскапува за 4.5%

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51%.

„Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 %.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во петок? Курсна листа за 10-ти октомври 2025

ДЕСК

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК