25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал / девет месеци од 2023 година

Финансиски резултати за третиот квартал / девет месеци од 2023 година

Зголемен обем на продажби и профитабилност во третиот квартал од 2023 година, благодарение на туризмот и повисоките меѓународни цени на нафтата

К3 2023 година К3 2022 година % на разлика (износ во милиони денари) 9M 2023 година 9M 2022 година % на разлика
13.674 17.612 -22% Приходи од продажба 36.136 45.328 -20%
532 153 248% Бруто маржа 916 1.317 -30%
158 145 9% Оперативни трошоци 464 434 7%
430 59 626% ЕБИТДА 615 1.035 -41%
305 -2 Добивка пред оданочување 349 848 -59%
172 231 -26% Прилагодена ЕБИТДА* 620 523 18%

* Прилагодена на ефектот на вреднувањето залихите

Најзначајни остварувања во третиот квартал од 2023 година

ОКТА ги објави финансиските резултати за третиот квартал од 2023 година со ЕБИТДА која достигна 430 милиони денари, значително повисока од онаа во третиот квартал од 2022 година, и добивка пред оданочување од 305 милиони денари, наспроти негативната во висина од -2 милиони денари остварена во третиот квартал од 2022 година.

Приходите од продажба изнесуваа 13.674 милиони денари, што претставува намалување за 22% споредено со истиот период минатата година, како последица на падот на меѓународните цени на горивата. Бруто маржата достигна 532 милиони денари, бележејќи покачување од 153 милиони денари остварени во третиот квартал од 2022 година, што е резултат на зголемениот обем на продажба на извозниот пазар, придружен од значителниот позитивен ефект на залихите во висина од 258 милиони денари, наспроти негативниот кој изнесуваше -172 милиони денари во третиот квартал од 2022 година. Постојаните инфлациски притисоци доведоа до зголемување на оперативните трошоци за 9%, споредено во однос на истиот период од претходната година. Прилагодената ЕБИТДА во третиот квартал од 2023 година, се намали за 26% споредено со истиот период лани, и изнесува 172 милиони денари.

Најзначајни остварувања во текот на деветте месеци од 2023 година

Побарувачката за горива на домашниот и извозниот пазар достигна 923 илјади m³, притоа забележувајќи раст од 3% споредено со истиот период минатата година.

Приходите од продажба изнесуваат 36.136 милиони денари, што претставува намалување за 20% споредено со истиот период минатата година, како резултат на пониските меѓународни цени на горивата. Во деветте месеци од 2023 година, ЕБИТДА изнесува 615 милиони денари, и е пониска за 41% споредено со истиот период минатата година, а добивката пред оданочување достигна 349 милиони денари, и е намалена за 59% споредено со истиот период лани. Пониската профитабилност главно го одразува ефектот од повисокото вреднување на залихите во висина од 512 милиони денари, што позитивно влијаеше врз резултатите од деветте месеци во 2022 година. Прилагодената ЕБИТДА се зголеми за 18% споредено со истиот период минатата година, достигнувајќи 620 милиони денари.

Финансиските резултати за третиот квартал од 2023 година вклучуваат и 50 милиони денари данок на солидарност, согласно со одлуката на Собранието донесена на 25 септември 2023 година.

Општествена одговорност

Стратешката определба на ОКТА кон обновливите извори на енергија е изразена и во стратегијата за општествена одговорност на компанијата. Така, во текот на третиот квартал од 2023 година, компанијата донираше две фотоволтаични централи на образовни институции во земјата. Фотоволтаични централи беа поставени на покривите на градинката „Пепелашка“ во Скопје и средното економско училиште „Кирил и Методиј“ во Охрид. Во рамки на донаторските активности со кои компанијата го одбележува својот 45-ти јубилеј, ОКТА го објави и победникот на студентскиот конкурс за поставување на соларен полнач и паркинг за велосипеди кој ќе биде дониран на кампусот на УКИМ до крајот на годината. Долготрајното партнерство со кошаркарската репрезентација беше продолжено за уште две години, потврдувајќи ја посветеноста на компанијата за поддршка во спортот и инспирирањето на следните генерации на кошаркари.

Здравјето и безбедноста на нашите вработени и клиенти, како и континуираното и непречено снабдување на земјата со горива, остануваат врвни приоритети на раководството на ОКТА.