25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР: Наќе Чулев да престане да шири лаги

Демант

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира невистините изнесени на социјалните мрежи од страна на Наќе Чулев односно ВМРО-ДПМНЕ за наводно непреземање на мерки во врска со напад врз полициски службеник од Единицата за интервентна полиција. Напротив, преземени се сите неопходни мерки. Осомничениот С.С. е приведен и со него е извршен службен разговор. Одземен му е службениот пиштол и известен јавен обвинител, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело спречување на службено лице при вршење на службено дејствие и ќе биде поведена дисциплинска постапка. Апелираме до Чулев и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги.