Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот 24.10.2023 до 27.10.2023 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

ДЕСК