22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен: Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување во ЕУ

„Работите навистина се менуваат на подобро затоа што она што го гледаме е вистинска динамика во процесот на проширување, сакаме ЗБ да се приклучи кон ЕУ, а за тоа треба и вие и ние да се подготвиме. Добро е што сега започна конкретна дискусија во ЕУ што треба ние да направиме ние за да бидеме подготвени, кои се прашањата кои се отворени. Кои се одговорите кои треба да ги дадеме. Ова не беше случај во текот на минатиот мандат, во овој мандат значително се промени нешто и работите стануваат конректни“, ијзави претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен на прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски.

„Затоа мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од ЗБ, затоа што ова е навистина прозорец на можности којшто сега е отворен. Овој процес не е толку строг, тој се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, може да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е важно. Има прозор на можности кој е отворен и ајде заедно да го искористиме“, додаде Фон дер Лајен одговарајќи на новинарско прашање дали ЕК го разгледува француско-германскиот предлог за реформа на ЕУ и дали 2030 година.