26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

СДСМ: Две години локална власт, ДПМНЕ и Коњановски ги изневерија битолчани

Соопштение на СДСМ:

Резултатот на ДПМНЕ на половина од мандатот на чело на локалната самоуправа во Битола донесе само разочарувања и изневерени очекувања.

Во Битола нема проекти, нема резултати, а граѓаните плаќаат поголеми сметки.

ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%.

Удрија по џебот на граѓаните и со поскап паркинг, со укинато слободно паркирање.

Не се реализирани проектите од програмата кои им беа ветени на граѓаните.

Нема ново училиште, нема спортски комплекс, ја нема реконструкцијата на Копанки.

По две години резултатите на ДПМНЕ во Битола се нула!

Коњановски и ДПМНЕ ги изневерија битолчани.