Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

ЕКО ПАТРОЛАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗГОТВИ 36 ЗАПИСНИЦИ ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ

Во рамките на месецот октомври, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 36 записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при непрописно одлагање кабаст отпад и градежен шут на булеварот Васил Чакаларов и улицата Руѓер Бошковиќ во општината Карпош, улицата Лазар Поп Трајков – во општината Гази Баба, како и на улиците Рајко Жинзифов и Борка Талевски – во скопската општина Центар.

Во текот на месецов, на крстосницата на бул. Никола Карев, како и на улиците Славеј планина и Џон Кенеди, Еко-патролата вршеше превентивен надзор на локациите каде што континуирано неправилно се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини.

Воедно, екипите на Претпријатието неделава подигнаа и транспортираа вкупно 30 кубни метри од неколку диви деонии лоцирани на улиците Воин Драшковиќ во скопската општина Ѓорче Петров, Серава и Џон Кенеди во општината Чаир, како и во близина на Македонска куќа во општината Карпош. Во оваа скопска општина, во моментов се одвиваат активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана во реонот на Момин поток.

Можеби ќе ве интересира

(Фото галерија) ПР шминката ја избриша дождот, ѓубрето во полн сјај, Орце не го исполни ветувањето (2)

ДЕСК

(Фото галерија) Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре (1)

ДЕСК

(ФОТО) Орце се фати за работа, а потоа објави една кратка порака

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.