Денеска (27.10.2023) во 10.30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за потраги при ЕВР Центар и Бит Пазар бил лишен од слобода А.И.(34) од Скопје.
За него била распишана потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.