Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС) информира дека во Скопје почна регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерств, каде што предвидено е учество на жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија.
На Академијата воведни излагања имаа претставнички на Форумот на жените на СДСМ, проектната координаторка во ФЕС, Нита Старова, и претставничката од ФЕС Белград, Ана Манојловиќ-Стакиќ.
Денеска, свое учество исто така ќе земе и пратеничката Санела Шкријељ, каде што заедно со жените лидерки од регионот ќе дискутира за состојбата со антиродовите движења во земјите во регионот и можностите за соработка и поддршка за прогресивните сили во справување со антиродовите наративи.
В сабота потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Радмила Шекеринска, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе дебатираат на панелот „Влијанието на антиродовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“.
Академијата г опфаќа и теоретскиот и практичниот дел со интерактивни предавања, работилници, панел-дискусии, обуки и групна работа. Целта е зајакнување на лидерските вештини кај жените социјалдемократки, поттикнување да направат правилен чекор и да го заземат своето место во заедниците во кои се носат одлуките и политиките затоа што резултатите покажуваат дека жените на клучни лидерски позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени за државата.
Регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство е во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, ФЕС-дијалог Југоисточна Европа.