24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Утре е Света Петка – Секоја жена треба да ги испочитува овие обичаи на својата заштитничка, а еве и како да се помолите

МПЦ и верниците утре, 27 октомври, го слават празникот посветен на Света Петка, за која сметаат дека е заштитничка на жената. Празникот се нарекува Преподобна Параскева и се празнува со векови, а го слават и некои народи кои не припаѓаат на христијанската вера.

Света Петка е родена во Епиват, во близина на Калитракија во Мала Азија. На иконите таа е претставена во монашка облека со крст во раката и гранче мирта.

По смртта на нејзините родители, света Петка се повлекла во пустината, поминала години во испосник, а според светите книги и се јавил ангел кој и упатил да го шири христијанството, па се вратила во Епиват, каде продолжила да живее за уште две години во постојан пост и молитва.

Верниците и се обраќаат со молитви за здравје, заштита од неволји и ослободување од животните тешкотии. На света Петка особено и се молат жените бидејќи ја сметаат за нивен заштитник и чувар на женските срца. Верниците веруваат дека светицата се слави поради нејзините чуда, а нејзините мошти се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Обичаи и верувања
Многу обичаи и верувања се поврзани со празникот Света Петка, а едно од нив е верувањето дека светецот се појавува во сон со причина. Се верува дека Света Петка на верниците во сон им се појавува како жена во црна наметка со крст и најчесто доаѓа да ги утеши луѓето и да им донесе добри вести, додека понекогаш сонот укажува дека треба да се промениме на подобро и да промениме некои лоши навики.

Според стариот обичај, на празникот Света Петка не се врши тешка физичка работа, не само заради одмор, туку верниците да имаат време за молитва и духовен развој на овој ден. Постојат повеќе извори на света и лековита вода поврзани со Света Петка. Исто така, голем број верници на овој ден одат на аџилак и ги посетуваат храмовите посветени на Света Параскева.

На празникот верниците се молат на Света Петка за здравје, љубов, семејство и душевен мир.