23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ниту Германија, ниту Швајцарија: Еве кој има најголема куповна моќ во Европа

Со 26.271 евра куповната моќ на просечниот жител на Германија во 2023 година беше деветта најсилна во Европа, односно позицијата беше послаба од лани.

Бројката се однесува на приходот по жител по даноците и социјалните бенефиции, според нирнбершкиот институт за истражување на пазарот GfK.

Највисока куповна моќ имаат жителите на Лихтенштајн, 68.843 евра, пред Швајцарците со 49.592 и Луксембуржаните со 40.931 евро. Следат Исланѓаните, Данците, Ирците, Австријците и Норвежаните.

Просечната куповна моќ во европските земји годинава е 17.688 евра.

Луѓето во Белорусија, Косово и Украина имаат најмалку пари за трошење, нешто помалку од 2.500 евра.

Вкупно, жителите на 42 европски земји годинава имаат на располагање 12.100 милијарди евра за храна, домување, услуги, сметки, приватно лекување и пензии, разни осигурувања, одмори, мобилност и забава.

Просечната куповна моќ по Европеец е зголемена за номинални 5,8 отсто од 2022 година, но тоа нема да биде доволно за да се покрие реалниот пад на приходите поради инфлацијата.