10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мерките за намалување на цените даваат резултат, се намалува инфлацијата

– Мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ за намалување на цените даваат резултати, соопшти СДСМ.

„Со мерките за ‘гарантирана’ цена 25 категории основни прехранбени производи од пекарската, млечната и месната индустрија, се намалени од 10% до 40%, а во подготовка се нови антикризни мерки.

Цените во малопродажбата се намалуваат, особено оние опфатени со владината одлука, а има податоци и дека и се намалуваат цени и од други категории производи.

Овие мерки за намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени производи, директно влијаат за заштита на стандардот на граѓаните но и за намалување на инфлацијата.

Инфлацијата е намалена за две третини од највисокото ниво во октомври 2022 година од 19,8 отсто, на 6,6 проценти во октомври 2023 година.

Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци.

Владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација, а трендот на намалување на инфлацијата се очекува да продолжи и следната година.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.