22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Затемнувањето на Месечината им носи пари и среќа во љубовта на овие хороскопски знаци

Промените во животот на секој човек ќе кулминираат со затемнувањето на Месечината во Бик, кое ќе се случи на 28 октомври.

Ова влијание особено ќе го почувствуваат четирите хороскопски знаци и ќе имаат судбоносни настани.

Вага
Ќе балансирате помеѓу инвестиции, заеми, евентуална хипотека или ќе добиете наследство. Можно е вашите браќа и сестри да бидат во тешка ситуација и ќе мора да им помогнете финансиски. Во однос на работата, можеби ќе треба да го промените начинот на работа. Личната криза може да ве натера да ја преиспитате целта на вашиот живот. Веројатно ќе донесете важна одлука, пишуваат српските медиуми.

Овен
Ќе има затемнување во вашиот финансиски сектор, што значи дека наеднаш би можеле да добиете голема сума пари, или некој ќе ви го врати долгот или ќе можете да отплатите заем.

Ќе се реши и важно прашање во спор со деловен партнер поврзан со финансии, во ваша корист. Во наредниот период ќе бидете унапредени на работното место.

Девица
Во наредниот период ве очекува деловен успех. Ве очекува голема среќа, а можеби е поврзана со подобрување на вашата финансиска состојба поради зголемување на платата или судски спор што ќе го добиете. Дополнителната обука исто така може да ја зголеми вашата финансиска состојба. Доколку планирате да работите со странска компанија, тоа ќе ви донесе голем успех.

Лав
Затемнувањето може одеднаш да ви донесе нов статус или позиција. Доколку пред две години во овој период почнавте да развивате деловен проект, сега ќе добиете очигледни резултати, кои позитивно ќе се одразат на вашите финансии.

Може да добиете промена на статусот на подобро благодарение на меѓународен проект или личност со која сте во романтична врска. Љубовниот живот ќе ви се подобри, а доколку сте слободни ќе најдете успешен партнер кој во се ви одговара.