25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шукова: Од 2018 година се менуваат нееколошките системи за загревање во јавните институции

„Во 2018, 2019 и 2020 година во годишната програма преку Генералниот секретаријат на Владата имаше средства за менување на нееколошките системи за загревање во еколошки. Првата година имаше околу 120 милиони денари, втората и третата по околу 100 милиони денари. Во меѓувреме работевме на обезбедување средства од ЕУ, каде што има фондови кои сериозни ги користиме“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека четири-пет години се инвестираат пари за замена на нееколошките системи за затоплување и дека е потребно време за целосна промена.

„Не може во две-три години да ги замените сите системи. Кога ќе почне реално да се имплементира процесот сфаќате со какви проблеми се соочувате. И моите деца живеат тука и јас сакам се за една година да направиме, но не е едноставно“ рече Шукова.