20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лога на средба со Синдикатот на судската полиција: изразена подготвеност за решавање на проблемите

Денес, во просториите на Министерството за правда, се одржа средба помеѓу министерот за правда, Кренар Лога, и претставниците од Независниот синдикат на судската полиција.

Претставниците на Синдикатот ги изнесоа своите барања, кои се однесуваат на измените на актуелниот Закон за судската служба во поглед на овластувањата на судската полиција, регулирање бенефициран стаж, додаток за висок ризик, службените легитимации и униформата.

На состанокот беше договорено барањата да бидат разгледани и вградени во работната верзија на законот за до крајот на неделата законското решение да се објави на ЕНЕР.
Министерот Лога изрази подготвеност за решавање на проблемите со кои се соочува судската полиција.

Можеби ќе ве интересира

Утре сончево време, попладне локален дожд и грмежи

C +

ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 37°C, ПА НАГЛО ОПАЃАЊЕ – Метеоцентар за значителните промени со времето следните четири дена

ДЕСК

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража

ДЕСК