-СДСМ на дело покажува како се вреднува трудот и одговорната работа на наставниот кадар во образованието. Од 2017 година досега СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55 отсто, соопшти СДСМ.
„Со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.
Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години.
Платите во образованието ќе продолжат да растат и понатаму, СДСМ обезбедува подобар животен стандард и подобри услови за работа.“ – се вели во соопштението.