10. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

167 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, извести МВР.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.