24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев од Атина: Договорот од Преспа беше постигнат низ дијалог, со разбирање и подготвеност за компромис од двете страни

„Решението беше најдено низ дијалог, меѓусебно разбирање и со подготвеност за компромис од двете страни. Северна Македонија стана членка на НАТО, а Преспанскиот договор нѐ донесе чекор поблизу до Европската Унија. Преговорите за членство се во тек“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на форумот на Економист во Атина.

Тој додаде дека со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас прифатиле дека нема да ги избегнуваат тешките прашања, туку ќе се соочат со нив за да најдат решение.

„Од Преспа наваму Грција сега не само што не нѐ блокира, туку и го помага нашето забрзано интегрирање во ЕУ како најсилен партнер. Во име на тоа пријателство јас и во оваа прилика му благодарам и на премиерот Мицотакис кој го прифати Преспанскиот договор и кој со неговото и со лидерство на Грција претставуваат исклучителен фактор на стабилност во регионот“ рече Заев.

Поранешниот премиер додаде дека Договорот од Преспа е препознаен како модел за решавање на сложени недоразбирања и конфилки и рече дека ваквите договори се катализатори на промени.