21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Заев од Атина: Отворен Балкан го трансформира регионот во зона на заедништво, ги охрабрувам Косово, БиХ и Црна Гора на соработка

„Инспирирани од овој пристапот на Договорот од Преспа, во 2019 година, претседателот на Србија, премиерот на Албанија и јас, тогаш како премиер на Северна Македонија го инициравме ‘Отворен Балкан’. Имавме искрена намера да го трансформираме регионот од зона на конфликт во зона на пријателство и соработка. Регионалното поврзување ни отвори нови перспективи и можности, за економски развој, за заедничка иднина, за нашите народи“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на форумот на Економист во Атина.

Тој додаде дека Албанија, Србија и Северна Македонија потпишаа повеќе мултилатерални и билатерални договори за реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан.

„Со заедништво и со инвентивни решенија, во време на глобални кризи, можеме да го трансформираме Балканот во зона на мир и стабилност. Останувам посветен и го охрабрувам процесот на соработка на Балканот и за останатите земји како Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора“ рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

ДЕСК

Еден осомничен за разбојништво во скопско Бучимци

ДЕСК

Мицкоски ќе присуствува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево

ДЕСК