Денеска (23.10.2023) во 16.00 часот од страна на патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ, на наплатна станица Смоквица лишен е од слобода М.С.(28) од Република Србија.
При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Сирија.
М.С. е приведен во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител и по негово комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.