24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски со честитка за Денот на македонската револуционерна борба

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе Денот на македонската револуционерна борба.

,,Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога организираното македонско револуционерно движење, преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ и АСНОМ, резултираше со создавање самостојна македонска држава.

Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Република Северна Македонија” стои во честитката на Спасовски.