13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсена косовска државјанка – со мало дете и лажни пасоши сакала да замине од државата

Денеска (21.10.2023) во 03.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“ – Скопје, на излез од државата, при извршена контрола на А.С.(25) од Р.Косово, која била со малолетно лице, таа на увид дала словенечки патни исправи за кои било утврдено дека биле фалсификувани.

При извршен преглед кај неа биле пронајдени две косовски патни исправи и една косовска лична карта со нивните вистински податоци. Со неа бил извршен службен разговор во кој изјавила дека словенечките патни исправи ги купила од едно лице во Косово за сума од 10.000 евра.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, таа била лишена од слобода и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.