Доаѓа продолжен викенд односно 23 октомври Ден на Македонската Револуционерна Борба е неработен, а се паѓа следниот понеделник.
Списокот на останати неработни денови се намалува.
За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден е 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница празник е 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука, за граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
Исто така за граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ неработен е 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците, додека за граѓаните припадници на турската заедница во РСМ неработен е 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.