18.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Богоев: Ќе имаме комплентна покриеност со паметен систем на камери на сите гранични премини

„Заврши изборот на изведувач на проект преку Светска банка, во вредност од 600 илјади евра за комплентно нов систем на камери со софтверски систем што ќе ги обработува податоците – препознавање на регистарски таблички, мечирање нивно и слично. Тоа ќе почне да се имплементира на почетокот на следната година. И тука ќе имаме комплентна покриеност со паметен систем на камери на сите гранични премини со софтвер на вештачка интелигенција“, истакна директорот на царинската управа Стефан Богоев во интервју на ТВ24.

Тој додаде дека со експерти од Америка договорил донација на почетокот на следната година на боди камери односно телесни камери и информираше дека цариниците на себе ќе носат камери коишто ќе бидат вклучени 8 часа колку штои им трае смената, видео и тонски.
„И ова е борба на корупција, и ова е елиминирање на човечкиот фактор“, заклучи Богоев.