13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Внимание: Автобусите во Скопје не само што доцнат, туку и воопшто не доаѓаат

На последната анкета на „Внимание, внимание“ објавена на „Трн.мк“ граѓаните кажуваат дека автобусите во Скопје не само што доцнат редовно, туку доста често се случува и воопшто да не дојдат на станица.

Граѓаните низ главниот град кажуваат дека поради доцнењето на автобусите, кое доста често е 10 до 15 минути, доцнат на работа, а други раскажуваат дека се случувало некои линии да доцнат и по еден час или воопшто да не дојдат.

Анкетираните граѓаните исто така не веруваат дека ќе се исполни ветувањето за набавка на нови автобуси и бесплатен превоз во Скопје, бидејќи како што велат едно е ветување, друго е остварување.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан

ДЕСК

Валбон Лимани додели признанија на учениците од Летното училиште 2025

ДЕСК

Минатата недела санкционирани се 100 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ДЕСК