22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВМАКЕДОНИЈА

Чупеска: Инфодемично зрачење е кога нон-стоп се прикажуваш за последен иако тоа не си

Од многуте лажни вести кои ги креира и пласира Мицко – ДОО; последната која ми го привлече вниманието е поврзана со верглањето дека Македонските граѓани во Израел се оставени сами на себе, без да бидат навремено евакуирани…
Како па да не!

Bистина, од поддамна се сомневав дека вмровската пропаганда има барем малку контакт со стварноста. Но, ова ги надмина сите мои надежи дека имаат трошка “чуство за осет”. Така и овие мои сомнежи станаа евидентни индиции дека се нема апосулно никаква смисла за одговорност : ниту спрема пошироката јавност, ниту спрема својот електорат, ниту спрема директно засегнатите лица кои се нашле на територија на Израел. И тоа, замислете : во опкружување на сериозни воени дејствија! Човече боже, не за џабе постојат например дискурсивни пракси и обврски за известување во воени услови или безбедносни закани. Но ПР-от на ВМРО веројатно пропаганда учеле од Гебелс himself.

Аманте бе, па зарем не знаете дека ваквите теми, не би смееле да бидат цел на дневнополитичка битка.
Исто како онојпат, кога се излетавте со онколошките некро-фашистички злоупотреби на жрвите на тој невиден скандал.
Овие теми, мили мои, се благоречено МЕТА теми и по ниеден основ не се етички податливи за локал-патриотски пропаганди повраќаници и за инфодемични егзибиции.
Радиоактивното Зрачење, кое го дисеминирате од вашите фокални инфодемски центри е погубно, за сите нас, ама и за Вас самите!
А ние, што да ви правиме, освен да Ве љуљаме ?! или, можеби не !

Да се пласираат лаги кои се поврзани со безбедноста и животите на сите затекнати на територијата на Израел – е во најмала рака малоумно! Но малоумноста кога се артикулира во ЕПП, во ниеден случај неможе да ве ескулпира од одговорност. Уште повеќе, во овој случај дури и МНР на Црна Гора се заблагодари за промптноста на нашите власти за успешната евакуација дури и на нивните граѓани (види овде :https://twitter.com/mfa_mne/status/1712990187246997844) или објавата на квебешкото мнр https://twitter.com/melaniejoly/status/1712874700370509974)
Ама , ова е неважно за радиоактивните извори на зрачење.

Со други зборови, од сопствената самобендисаност, од која неминовно произлегува тотална неодговорност, не сте во состојба ниту за овие важни работи да ги согледате фактите : а тие се, дека Владата меѓу првите плати авион за евакуација на нашите државјани да си дојдат дома.
И што да се каже друго сем дека “комплексот на пониска вредност на Македонците” придружен со патос полтика и самосожалувачка перцепција подразбира и тоа нон стоп да се прикажуваш за последен, за греота, за неспособен иако тоа не си, но оваа самоперцепција убедена сум дека изискува сериозна социјално психолошка анализа.

Тие луѓе и нивните блиски, кои ги напаѓате со дезинформации, и ги изложувате на вашето ИНФОДЕМИЧНО ЗРАЧЕЊЕ и без тоа, тие се веќе доволно вознемирени за себе и се агрижени за животите на своите блиски…. Ама затоа, за разлика од нив Големиот лидер, со мали капацитити за чуство на одговорност, тоа баш и не го загрижува; мува не го лази! Ниту пак му буди минимум етика во НЕГОВАТА БОРБА, која очигледно станува се поочајна и поочајна, па дури се потврдува и со резултатите од мерените рејтинзи на ИРИ. Или, дури и после 6 години од кога е на чело на ВМРО -ДПМНЕ, Мицко сеуште е во дебела сенка на претходниот лидер на партијата што е невидена работа досега. Незапаметена во сферата на мерење рејтинзи, тука кај нас. Сепак, заедничкото на дезинформативната платформа дал од старото, дал од актуелното раководство е тоа што абер немаат од ЕУ. Дотолку повеќе што Грујо во своето Интервју на Инфомакс, не се огради од АНТИ ЕУ кампањата на актуелниве негови наследници.

И наместо нашата јавност да се позанимава со овие нивни УНИСОНИ ставови, сурфа на бранот на глупоста. Се разбира, во место закопана.

Ах, таа јавност; исто така жртва на разноразни радиокатвни зрачења -сиромашката.
Но, кога имате уставно квалификувана опозиција со деснопопулистичка и илиберално профилиран дискурс и претендира да дојде на власт, притоа “се цепи на две”, ми се чини дека мора да се позанимавате и со анализи на ставовите за ЕУ кај грујовистите и мицковистите . Зарем не ? Во спротивно постанувате и вие добар пластелин – предмет за радиокативно зрачење.

Ана Чупеска

извор Либертас.мк