23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Внимавајте да не се изгорите: Тврдат дека имате неограничен интернет во вашиот пост пејд пакет за мобилен, но има ѕведичка која кажува друго

Centar.mk го истражуваше пазарот со мобилен интернет во Македонија по серија дојави од корисници, а откако два големи оператори кои со децении нудат мобилни услуги понудија неограничен интернет за своите корисници во повисоките пакети кои достигаат и над 1000 денари + ддв.

Имено во пакетите пишува дека нудат неограничен интернет, но доколку кликнете на малата ѕвездичка која едвај се гледа на веб страниците ќе видите дека всушност имате 150 GB (едниот оператор) или 200 гига интернет (другиот оператор) согласно нивната фер политика за користење, по што би можеле да останете без интернет или со намалена брзина. Па во тој случај ако сакате да продолжите да ги користите интернет услугите согласно претходната брзина ќе мора да активирате дополнителен пакет кој може да ве чини и повеќе пари.

Дали ваквата практика во рекламирањето е фер и согласно закон треба да истражат институциите, особено Агенцијата за електронски комуникации.