24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Дезинформациите на ДПМНЕ не можат против фактите – ММФ ја подобри проценката за македонската економија

Соопштение на СДСМ:

Меѓународниот монетарен фонд ја покачи проекцијата за раст на македонската економијата на 2.5 проценти и тоа е факт.
ДПМНЕ не кажува дека дека токму според ММФ ќе имаме подобар економски резултат од Србија, Бугарија, Словенија во регионот, а на исто ниво со Грција.

Исто така, растот на БДП во земјава ќе биде за 1,8 процентни поени повисок во однос на просекот на ЕУ, додека за Германија се предвидува рецесија.

Бидејќи станува збор за нашите најголеми трговски партнери, тоа дополнително укажува на отпорноста на домашната економија.
Манипулациите со бројките на затворени фирми е очајна, бидејќи на годишна основа едни фирми за затвораат други се отвораат.
На пример, согласно податоците на Централниот регистар во 2013 бројот на згаснатите претпријатија изнесува 8.101, во 2014 година 7.195, а во 2015 година изнесува 6.249 многу повеќе од бројките со кои манипулира ДПМНЕ. А во овие години немаше светски кризи.

Со политиките на Владата предводена од СДСМ се отвораат и нови фирми кои носат нови вработувања. Само во ТИРЗ во изминатите месеци има отворено 2.000 нови работни места. Стапката на невработеност е намалена на историско ниско ниво и истата ќе продолжи да се намалува, впрочем такви се и очекувањата на ММФ.

Манипулацијата со податоци е вброена во категориите на лажни вести, тоа ДПМНЕ треба да го има предвид.