Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Да се истражи доделувањето 16 милиони евра од Општина Чаир на две фирми со ист сопственик

Демократската унија за интеграција, како што велат во нивното соопштение, со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во Општина Чаир.

„Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми ‘Бауер БГ’ ДОО и ‘Енергоинвест трејд’“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.

Според информациите, Општина Чаир со компанијата „Бауер БГ“ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот Скендербег, во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра“, истакнуваат во реакцијата од ДУИ.

Ги повикуваат надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат во согласност со законот.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.