18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: ММФ ја потврди успешноста на економските мерки и политики на СДСМ

Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ дојде од Меѓународниот монетарен фонд. ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа 2023 година, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Проекциите за наредната година, како што рече, се дека македонската економија ќе расте за 3,2 проценти и овие проекции се на иста линија со проекцијата на Владата.

„Со преземените мерки и политики во изминатиот период, македонската економија во тешки услови на глобална економска и енергетска криза и нарушени синџири на снабдување, е отпорна и остварува раст.

Секако пред нас има се уште предизвици, но мерките и политиките се потврдува дека даваат очекуван резултат.

Исто така инфлацијата во земјава продолжи да се намалува. Во септември инфлацијата падна на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период.

Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци и таа ќе продолжи да опаѓа“, додаде Кузеска.

Според неа, 11 последователни месеци инфлацијата се намалува и тој тренд ќе продолжи до крајот на годината, кога се очекува да се спушти под 5 отсто.

Наредната година, како што оцени, инфлацијата да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.