Вчера полициски службеници на СВР Тетово, во месноста „Керамедлија“, атар на тетовско Јанчиште, во нива засеана со пченка пронашле над 150 стебла „канабис сатива“.
Дел од стеблата се подигнати за вештачење, а останатите ќе бидат искорнати и уништени.
Се расчистува и документира случајот, соопшти полицијата.