25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ се бори за европска Македонија каква што сонуваа нашите илинденци, асномци, партизани

СДСМ се бори за европска Македонија каква што сонуваа нашите илинденци, асномци, партизани. Повторно дојде време заеднички да делуваме, обединети, во европски фронт. Нашите предци ни овозможиле да живееме во слобода во сопствена држава. Наше е да обезбедиме европска иднина за нашите млади, за идните генерации за идните поколенија. Без калкулации, без поделби. Искрено, чесно, со верба, со срце. Тоа сме ние, македонските социјалдемократи“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски по повод 11-октомври.

Тој потсети дека СДСМ секогаш била на вистинската страната на историјата. На тоа сите ние присутни овде, сите социјалдемократи се горди на тоа.

„Денеска, СДСМ е врзното ткиво, клучната политичка сила за остварување на генерациоскиот сон, за посакуваната европска иднина. Како наследници на вредностите на НОБ, на прогресот, веруваме во едно општество, напредно, прогресивно, демократско, граѓанско, со еден збор европско општество“, потенцираше Ковачевски.

„Тоа е нашиот светоглед во политиката, светилник за иднината. Овие вредности не само што се модерни, туку носат и подобар живот, повисок животен стандард. Тие создаваат подобра економија, посилен развој и напредок“, заклучи Ковачевски.