„Грижата за поконкурента економија и решеноста да направиме системски промени кои значат конкурентска предност, предвидливост и стабилност е фактот што после 3 децении, за прв пат беше отворен царинскиот тарифник. Кон крајот на 2021 година се сменија царинските стапки за 258 тарифни ознаки, односно 258 различни полупроизводи и суровини кои преработувачката индустрија ги користи во своите производствени процеси, а со тоа Владата уште еднаш го потврди својот партнерски однос со бизнисот. Процесот на усогласување не застанува тука, ќе продолжиме да го усогласуваме нашиот Цариснки тарифник со тарифникот на ЕУ“, истакна Вицепремиерот за економски прашања во обраќањето на Инфо сесијата посветена на стопанствениците „Довербата расте“.
Тој дополни дека со цел достапност, транспарентност, ефиксност и ефективност, веќе една година постои и првиот дигитален јавен службеник – АДА. АДА е материјализирање на промената која на сите им е потребна. АДА ги дава сите информации за државна помош по Планот за економски раст, односно условите за Законот за финансиска поддршка на инвестиции, сите јавни повици на ФИТР како и условите за инвестирање во ФИТР. Сите информации јавно и транспарентно, што оневозможува манипулација и злоупотреба на информациите и условите.
АДА, како прв дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор е првиот чекор. Ја дигитализираме целата државна помош. Го воспоставуваме менаџмент информацискиот систем за државна помош, кој покрај тоа што на едно место ќе ги собира сите програми за државна помош од 11 институции и ќе носи целосна транспарентност, ќе го мери и ефектот од користење на јавните пари, потенцираше Битиќи.
„Домашните компании, вие инвестиравте 500 милиони евра, ние ве поддржуваме секоја година со се поголема поддршка, оваа година рекордни 35 милиони само по законот за финансиска поддршка, следната година ќе е уште поголема, со загарантирана 100 процентна исплата. Поддржувајќи го вашиот развој, вашите вработени, нашите граѓани имаат стабилни и раст на работни места, а зајакнувајќи ја вашата конкурентност се повеќе се приближуваме до европскиот пазар кон целосна интеграција, кон европски стандард. Изборот е јасен, затоа што „Ние сме Европа“, тука припаѓаме и тука можеме да ги развиеме своите целосни потенцијали“, заклучи Битиќи.