Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. T= 25 °C, P= 988 hPa, U= 45 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)