25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Владата го решава деценскиот проблем со лицата без документи

Со донесувањето на измените на законите за престојувалиште и живеалиште и за лична карта со отвора патот за целосно решавање на бездржавјанството во Република Северна Македонија.

Овие лица поради непоседувањето на имот и неможноста да обезбедат докази за сопственоста на имотот или договор за закуп практично остануваа без пријавена адреса за живеење а со тоа и без лична карта. Со новите измени во законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, се уредува начинот на кој што лице бездомник може да пријави адреса – живеалиште во Центарот за социјална работи и се дава можност бездомникот да ја пријави за адреса – живеалиштето на физичко лице кое се согласило да ја даде својата адреса. Воедно, покрај сопственост и закуп со измените се додава и можноста живеалиштето да се пријави и со: договор за послуга, договор за доживотна издршка, писмена потврда издадена од општината, со која се потврдува постоење на бесправно изграден објект за живеење.
Во јуни 2023 го собранието ги усвојувањето и измените на Законот за матична евиденција и се овозможи секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство.

Секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија има право на упис во матична книга на родени веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители, стои во еден од членовите на Законот за матична евиденција.

Министерството за внатрешни работи додели државјанство на 290 лица без државјанство.
Управата за водење на матични книги (УВМК) во засилено темпо во соработка со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Советникот за инклузија на Роми- Елвис Мемети во КПВРСМ и граѓанскиот сектор (Институт за истражување и политики Ромалитико) кои работеа директно на терен со неевидентираните лица во матичните книги, за период од 2 месеци по донесувањето на измените на законот решени се 310 предмети кои добија извод на родени.

Ова водство за пример е најновиот чекор во низата мерки кои властите ги преземаат и овој напор на целото општество, го трасира патот на Република Северна Македонија да стане првата држава во Европа и втората во светот која ќе го искорени бездржавјанството.