Редакција Трн
Првата анкета „Внимание, внимание“ е посветена на актуелни прашања по воведувањето на гарантирани цени и за соковите и пивото. Гласот на граѓаните нѝ го претставуваат Дениз Абдула и Трн, а анкетата ќе биде емитувана секој четврток на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм).
Откако поевтини и пивото – каде излегуваат повеќе младите – во кафичи или во маркети?
Треба ли да се замрзнат цените и во кафичите?
На прашањата одговараат и младите и постарите. Некои претпочитаат излегување во маркети, а други пак во кафичи. Повеќето сметаат дека треба да се замрзнат цените и во кафичите. Има и такви што велат дека добро се живее и дека цените се ОК.
Но, има и студенти кои сметаат дека цената на пивото треба да е повисока, за да не се пие многу алкохол. Дел од испитаниците укажуваат дека сеуште е жив феноменот на маалски и селски кооперации.