Водени од предлогот на фановите од периодот на корона пандемијата да направат голема забава на којашто ќе можат да дојдат сите уживатели на нивната музика, дуото излезе со важно известување.
Дуото информира дека по повод на нивниот 4. роденден, на отворено организираат една таква забава, насловена “СО ЉУБОВ ЗА СКОПЈЕ” – подарок од Дац и Александар и Градскиот Трговски Центар Скопје.
На 29 септември, петок вечер од 20:30, заедно со DJ Миле Ѓуриќ следи убава евегрин вечер и дружење со хитовите на сите генерации.
Г.Т.Ц. Скопје овозможува прекрасна зелена градина на покривот на ГТЦ.
Влезот за сите ќе биде слободен.