9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

ГТЦ, Дац и Александар најавуваат голема журка на 29 септември – Со љубов за Скопје

Дац и Александар конечно ја исполнуваат големата желба на фановите која потекнува уште од времето на пандемијата, односно да направат една голема забава на која што може да дојдат сите.

Повод е роденденот кој го слави нашето музичко дуо, четврта година по ред.

Забавата е насловена како “СО ЉУБОВ ЗА СКОПЈЕ” – подарок од Дац и Александар и Градскиот Трговски Центар Скопје – за сите вас!

Дружбата е најавена за 29 септември, петок вечер од 20:30, а ќе бидела проследена од убава евегрин вечер и дружење со хитовите на сите генерации.

Г.Т.Ц. Скопје како добар домаќин овозможи прекрасната зелена градина на покривот на ГТЦ, слободен влез за сите и сите потребни услови за убаво музичко дружење со музичкото дуо.

Спонзорирано: