9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ЈС/Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради асфалтирање, привремен прекин на сообраќајот на делницата Велес – Градско

Во однос на објектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско“, информираме дека поради вградување асфалтен слој (асфалтирање), на 18.9., до 23.9.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско во периодот од 8 до 18 часот, велат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Запленети куп ајфони на граница (ФОТО)

ДЕСК

Тоневски: Во наредните 4 години ќе инвестираме во патната инфраструктура во Пробиштип

C +

Мециновиќ: Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг

C +