Никола Тодоров, висок партиски фукнкционер и министер во неколку наврати во времето на Никола Груевски, во интервју за „Слободен пачат“ говори за европските интеграции на земјава.
Во однос на европските интеграции Тодоров не смета дека Македонија е на крстосница. Тој е убеден дека ние одамна го имаме одбрано нашиот пат кон запад, сѐ друго е резултат на македонски инает. На секого во Македонија, вели Тодоров, му е јасно дека уставни измени мора да има, ако сакаме да го продолжиме нашиот пат кон ЕУ, односно да ги отвориме првите поглавја во преговорите. Неговиот став е дека во овој момент, речиси е невозможно кој било да влијае врз Бугарија да се откаже од барањето за промена на Уставот, имајќи го предвид исклучително големото стратешко значење на Бугарија во светло на конфликтот во Украина, па од овие причини невозможно е да издејствуваме поповолна позиција за Македонија од таа што ја имаме.
Според Тодоров, јасно е дека порано или подоцна Македонија ќе мора да го направи овој чекор и да ги вметне Бугарите во Уставот, што значи ова ќе се случи. Прашањето е дали тоа ќе биде пред или после избори и кога изборите ќе се случат.
– Ако мене ме прашувате, јас со сето срце сакам ВМРО да победи и да формира влада, но, во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО најдолго време во опозија – констатира Никола Тодоров.