25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Гордост е да се види развиореното македонско знаме на аеромитингот во Стенковец во чест на стогодишнината од македонската авијација!

Министерот Оливер Спасовски на Фејсбук:

Гордост е да се види развиореното македонско знаме на аеромитингот во Стенковец во чест на стогодишнината од македонската авијација!
Денеска, на спортскиот аеродром во Стенковец, присуствував на аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во 1923 година. На аеромотингот учество земаа 30 различни воздухоплови од земјава и странство, како и падобранци кои изведуваа акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион.
Акробациите ги изведуваат трите Air Tractor AT-802A Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување со летање во формација, владиниот авион од типот Лирџет 60, како и гордоста на МВР – полициските хеликоптери Agusta Bell 206 I Bell 212, кои се дел од Хеликоптерската единица при Оддел за воздухопловни единици на МВР, а која годинава одбележува 54 години постоење. Учествуваа и авионот на воените сили Mi-17, а низок лет презентираше патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер.
Специјални гости се авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција. Посебно внимание предизвика изложениот македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот Скопје „Илинденка“, кој е своевиден „свет грал“ на вековното македонското воздухопловство.
Нека е за многу години мирно македонско небо!