-СДСМ ивестира во квалитетна, безбедна и модерна патна мрежа во државата, соопшти СДСМ.
„После 30 години чекање и одлагање, започнаа првите градежни активности за изградба на најголемиот инфраструктурен проект – Коридорите 8 и 10д.
Со реализација на инвестицијата од 1,3 милијарди евра Северна Македонија станува главна крстосница на Балканот, поврзана кон запад и исток, со пристаништата во Драч и во Бургас.
Проектот го олеснува движењето на граѓаните, ја зголемува безбедноста на сообраќајот, но и отвора нови работни места и можности за компаниите.
СДСМ гради 110 километри нова, модерна, квалитетна и безбедна патна мрежа, од исклучително економско и геополитичко значење.“ – се вели во соопштението.