23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Битола

Попладнево во 18 часот и 18 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во близина на Битола.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 13.09.2023 година во 18 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 115 km јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин, со Рихтерова локална магнитуда ML2.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје