23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Уставните измени се за продолжување на европскиот пат, сите лаги на опозицијата се потопени

-Уставните измени се за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбедат европската иднина на државата и на граѓаните. Важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа земјата е од пресудно значење и потребно е да направи исчекор во евроинтеграцискиот процес, соопшти СДСМ.

„Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна.

ДПМНЕ нема аргументи за блокадата на донесувањето на уставните измени, сите лаги, до една им потонаа.

Прво ширеа страв и паника за асимилација и бугаризација и македонски јазик како бугарски дијалект. Не само што нема никаква асимилација ниту бугаризација туку имаме заштитен македонски јазик и идентитет.

Во вода им падна и реториката за бугарски диктат, преговорите не се водат со Бугарија, туку со Европската унија. Преговарачката рамка е усвоена од сите земји членки на ЕУ, а уште една лага на ДПМНЕ е дека за неа може повторно да се преговара.

Уставните измени се за доброто на граѓаните, за продолжување на европскиот пат, за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година.“ – се вели во соопштението.