15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Мадрид пристигнаа двајцата македонски државјани од Маракеш, тие се во добра здравствена состојба

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, а во согласност со ангажманот и на Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани, кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. Набргу се очекува нивно упатување кон своите домови, извести МНР.

„Во изминатите два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето дипломатско-конзуларно претставништво во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко за евентуални други наши државјани во погодените региони“, додаваат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија, кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и на СОС-телефонот на Министерството за надворешни работи, 075/273-732.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК

Левица: Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!

ДЕСК

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.