Прес-конференција, Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ:
Политиките на СДСМ создаваат нови и подобри можности за македонските земјоделци и земјоделството во целина.
Ние сме прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата.
Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство.
Со помош на ЕУ создаваме нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за преработки, за собирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување.
Нова можност за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила.
Нова можност за јакнење на руралните подрачја преку инвестиции за изградба на современа инфраструктура, патишта, пешачки патеки, водовод и канализација.
Од 1 септември веќе започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма.
Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.
Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија.
Бидејќи влезот во ЕУ ќе донесе уште поголеми придобивки и носи уште повеќе финансиски средства од фондовите но и пазарот од 500 милиони жители.
Блокадата на европскиот пат е блокада на милијарди евра помош за македонското земјоделство и тоа не смее да се дозволи.
Благодарам