24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Новиот повик од ИПАРД 3 е објавен, каде завршија и за што се искористија парите од ИПАРД 2 програмата: 10 успешни приказни

Мерките од програмата ИПАРД се повеќе стануваат актуелни во јавноста и меѓу бизнисмените. Но колку всушност сме запознати што точно претставува ИПАРД, кој може да ги користи овие средства и каква е процедурата да се инвестира со помош на овие грантови. Она што најчесто се коментира кога ќе се спомне ИПАРД или било која поддршка од државата е, дека тешко се доаѓа до овие пари, односно паушални изјави кои најчесто се резултат на недоволна информираност или недоверба во институциите, оправдана или не. Како и да е, точната информација во врска со програмата ИПАРД 2 е дека ние како држава сме лидери во искористеност на средствата и дека тие пари завршија во сериозни инвестиции и модернизација на производствтото. Имаме успешни примери со кои ова се потврдува.

Во тек на реализација на новата ИПАРД 3 програма потсетуваме на неколку од многуте успешни приказни во Македонија каде што досега завршиле парите од ИПАРД.

БИМФУД
Компанијата „Бимфуд“ е позитивен пример за максимална искористеност на европските средства со дури 3 апликации и овозможени средства од над 20 милиони денари за опрема.

„Бимфуд“ е еден од лидерите во собирањето, преработката, пакувањето и дистрибуцијата на диви печурки и други диви плодови во регионот на Балканот. Со средствата од ИПАРД, компанијата БИМФУД вложила во зголемување на капацитетот за производство и модернизација на опремата воведувајќи медерни технологии.

2. КАРНЕМ
Месната преработувачка индустрија „Карнем“ од село Зубовце, општина Врапчиште е уште еден позитивен пример на успешена ИПАРД приказна. Преку средства од ИПАРД програмата, оваа компанија има набавено опрема за преработка, како и изградба на прочистителна станица за отпадни води.

Од мал семеен бизнис преку осовременување и проширување на производството со помош на ИПАРД, денес Карнем е снабдувач со месо и месни преработки во земјава и странство.
Инвестицијата во опрема за производство и преработка на свеж програм, барени производи, колбаси и траен програм е со вкупна вредност од 153 милиони денари од кои 7.1 милион денари се кофинансирани од ИПАРД 2 програмата.

3. МОНТЕНЕГРО
Најмодерен преработувачки центар финансиран од ИПАРД програмата има Монтенегро. Компанија која е основана во далечната 1963 година во Црна Гора, за 25 години подоцна го преселила својот капитал во Гостивар. Покрај другите дејности по кои е добро позната, компанијата влегува во инвестиција и изградба на преработувачки капацитет и набавка на опрема за преработка на овошје и зеленчук.
Поддршката од ИПАРД за овој модерен капацитет е 132.8 милиони денари, a вкупната инвестиција чини 344.7 милиони денари.

4. БАКО НУТС
„Бако нутс“ е компанија која егзистира на пазарот повеќе од 20 години. Примарна активност на компанијата е производство, преработка и трговија со јаткасти и прашкасти производи, зачини, сушено овошје и житарки.

Како компанија која се занимава со преработка на земјоделски производи ја искористиле можноста за технолошко опремување на своите погони со користење на финансиската поддршка од ИПАРД програмата.

По склучување на договорот за финансиска поддршка, компанијата инвестира во нова линија за сушење и опрема за пакување на јаткасти плодови.
Целокупната инвестиција е во вредност од 18.3 милиони денари од кои 9.14 милиони денари или 50 % се кофинансирани од АФПЗРР преку ИПАРД програмата.

5. КОЈАКОНЕЈА
Компанијата „Којаконеја“ е успешен корисник на Мерка 7 од ИПАРД програмата.

Како микро претпријатие од дрвната индустрија, финансиската поддршка од ИПАРД ја користеле за изградба на производствен погон, поставување соларни панели и набавка на опрема за производство на асортимани од дрва.

Вкупната вредност на инвестицијата е близу 65 милиони денари , а ко – финансирањето од АФПЗРР преку ИПАРД програмата изнесува 33,7 милиони денари.

6. ФОР ЛЕЈДИ
Компанијата „Фор Лејди“ во Илинден, која преку мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата, по успешната евалуација на проектот и склучувањето на договорот со АФПЗРР, добила поддршка од 17 милиони денари, што преставува 65% од вкупната вредност на инвестицијата.

Се работи за семејна компанија ја искористила можноста да аплицира на јавен повик за мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата.

7. ФРЕЈА
Бутик хотелот Фреја во Струга е фамилијарен бизнис со можност да прерасне во врвна туристичка атракција.

Семејството Билјан аплицирало за мерката 7, Диверзификација на фармите и развој на бизниси, со што добиваат 65% финансиска поддршка кофинансирана од ИПАРД2 Програмата.

Се работи за инвестиција од 1 милион евра и нови можности за вработување, развој на руралниот туризам.

8. УНИ АГРО
„УНИ АГРО“ е успешна приказна и уште еден капитален проект финансиран преку ИПАРД програмата.

Вредноста на инвестицијата е 106.3 милиони денари, од кои 51.8 милиони денари се кофинансирани преку ИПАРД.

Идејата на Ненад и Дарко, млади, храбри и успешни сопственици да отворат фабрика за сточна храна стана реалност со помош на ИПАРД.

9. МЕТРО АД
„Метро АД“ е компанија со 28 годишна традиција во преработка на земјоделски и рибни производи.
Со финансиска помош од ИПАРД програмата во висина од 450.000 евра компанијата инвестирала во опрема за обработка и преработка на македонско јаболко.
Со ваквата опрема јаболкото добива додадена економска вредност и може да се пласира на пазарите во текот на целата година.

10. ВАРДАРЕЦ
Компанијата за производство и преработка на млечни производи „Вардарец“ во валандовско Удово е уште еден успешен пример за искористеност на ИПАРД програмите за инвестиции во производството.

извор Агротим