23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Министерот Бектеши и директорот на Бирото за метрологија Селами на увид на лабараторијата на ЕВН за испитување и верификација на електрични броила: Работиме на зголемување на квалитетот на услугите за граѓаните

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Бирото за метрологија Авдуљ Сељам Селами и со менаџментот на ЕВН Македонија направија увид на лабараторијата на ЕВН каде што се врши испитување и верификација на електрични броила.

“Бирото за метрологија освен реформите во работењето кои го воведува преку носење на нови правилници, веќе при крај подготовката со целосно новиот Закон за метрологија каде што целосно ќе биде транспонирана и хармоноизирана европската регулатива, со што ќе се зголеми квалитетот на инспекции и акредитации кои се во надлежност на Бирото“ кажа министерот Бектеши. Министерот додаде дека освен нови апарати и инструменти Бирото ќе има обврска да прави контроли за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, за да не бидат во заблуда во одредени моменти.

„Компании како ЕВН кои што работат професионално и во нашата држава и на странскиот пазар е една од првите кои компании кои ги воведува тие атрикли со кои ќе се подобрат квалитетот на услугите кои ги даваат и кон граѓаните и кон потрошувачите“ кажа министерот по обиколката на лабараторијата на ЕВН Македонија во подружницата во оштина Бутел.

Директорот на Бирото за метрологија Авдуљ Сељам Селами кажа дека Бирото секогаш им излегува во пресрет на граѓаните кои се пожалиле и имале сомнежи во врска со точноста на броилата и секогаш испитувањето се повторило, за да се надминат сите двоумења кои ги имале граѓаните.
„Инженерите на Бирото за метрологија професионално ги вршат верификациите на електричните броила и тие се точни според дозволените параметри и стандарди на ИЕЦ (Меѓународна Комисија за Електротекника), односно дека се во сообразност со пропишаните услови и дека ги исполнува прописите и другите акти за верификација, односно се потврдува класата на точност на броилото“ кажа директорот и додаде дека лабораторијата во која се верификуваат електричните броила е Акредитирана според стандардот 17020 од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија.

Директорот Селами ги повика сите граѓани кои имаат сомнежи за точноста на електричните мерила, слободно да се обратат до Бирото за метрологија која ке ги провери повторно броилата со што ќе се отфрлат сомнежите кои се однесуваат на трошењето на електричната енергија.