14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Слични предизвици со БиХ на нашиот пат кон ЕУ

Министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со неговиот колега, министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза, со кого разговараа за заедничките предизвици во областа на правдата и европската иднина на нашите две земји.

На средбата се разговараше за реформите во правосудството, владеењето на правото, зголемувањето на транспарентноста и враќањето на довербата во судството, при што беше констатирано дека дека двете земји се соочуваат со слично проблеми.

Посебно внимание беше посветено на дигитализацијата на судството. Министерот Буноза нè информираше за системот CMS со кој судовите многу успешно работат. Тоа докажува дека кај нив дигитализацијата на судството е поразвиена отколку во Република Северна Македонија.

На средбата, исто така, беше истакнато дека двете земји имаат одлични односи и дека ќе ја продолжат соработката и во иднина.

На крајот двајцата министри се согласија дека единствен пат за напредок и остварување на целите за иднината на државата и нашите граѓани е членството во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.