24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Трета година по ред оваа неспособна власт не може да обезбеди учебници за учениците

„Еден од многуте показатели за неспособноста на власта, во сите сфери на општеството, е и фактот дека веќе трета година по ред учениците нема да имаат учебници. Министерството за образование и министерот, Јетон Шаќири, и оваа година, како и последните две, нема да обезбеди учебници за учениците. Нема ниту дигитални учебници, има само учебници во ПДФ-формат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дигитални учебници се учебници на кои детето на таблет или на компјутер може да работи на нив. Наставникот исто така може да следи дали сработил ученикот, кога сработил итн. Родителите повторно ќе мораат да трошат пари од својот домашен буџет за да печатат учебници како би можеле да им учат децата.

Ова е недозволиво и за земји во Африка. Очигледно е дека намерно се урнисува образованието на децата во Македонија и за ова мора да има кривична одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и ги повика сите надлежни институции да преземат мерки и да се казнат сите одговорни, за, како што велат, оваа катастрофална состојба во образованието.